ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ МАЛИ ГРАНТОВИ
на младински и женски локални организации за спроведување активности за промовирање на мир и безбедност преку зголемување на свеста за родово базираното насилство и насилниот екстремизам
Центар за заедничка основа (ЦЗО) објавува јавен повик за доделување мали грантови на младински и женски локални организации за спроведување активности за заштита и превенција од родово-базирано насилство и насилен екстремизам.
Јавниот повик се спроведува во рамки на проектот „Зајакнување на жените за промовирање мир и безбедност преку зголемување на свеста за родово базираното насилство и насилниот екстремизам во Северна Македонија“ финансиски поддржан од „Потрага по заедничка основа“ од Вашингтон, САД.
Шемата за мали грантови има предвидено вкупен износ од 725.000,00 МКД и ќе додели пет (5) грантови во износ од 120.000 до 145.000 МКД.
Времетраењето на активностите во рамките на доделените грантови треба да биде од еден до три месеци, почнувајќи од 03 јуни 2024 година.
Повикот за мали грантови е отворен до 31 мај 2024 година.
Со цел информирање на сите заинтересирани апликанти, ќе биде организирана on-line инфо-сесија на 13 мај 2024 во 13ч.
Ве молиме регистрирајте се и потврдете го Вашето присуство на предложениот термин. По извршената регистрација линкот за вклучување ќе пристигне на Вашиот е-маил.
Целиот повик и обрасците за пријавување и буџет можете да го преземете на линковите наведени подолу: